Заврши увидот во Избирачкиот список и регистрацијата на гласачите од дијаспората

Проверка во Избирачки список

Заврши увидот во Избирачкиот список и регистрацијата на гласачите од дијаспората за претседателските и парламентарни избори.

Заклучно со вчерашниот ден во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија увид на своите податоци во Избирачкиот список направиле 6.231 лице. Според ДИК, 23 лица поднеле барање за промена на своите податоци, 29 лица поднеле барање за запишување на своите податоци и 11 лица поднеле барање за бришење на податоци во Избирачкиот список.

Електронски проверка во податоците направиле вкупно 56299 граѓани, а поднесени се 47 барања за промена на податоци, девет барања за бришење на податоци и 24 барања за запишување на податоци во Избирачкиот список.

По однос на пристигнати барања за регистрација на гласачи во дијаспората, според информациите од ДИК, заклучно со 19 март 2024 година, до девет часот, се пристигнати вкупно 2943 пријави од кои 2369 се прифатени, 396 се одбиени и 178 необработени пријави кои ќе бидат обработени во текот на денешниот ден.

Од ДИК информираат и дека регистрацијата на гласачите во дијаспората завршила денеска во девет часот, поради продолжување на рокот за пријавување на гласачите.

-Причината за продлжување на рокот беа технички проблеми со интернет страницата, кој траеше од 17 март 2024 година од 24 часот до 18 март 2024, 9 часот, посочуваат од Државната изборна комисија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот