Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 19:05 часот извршиле контрола во угостителски објект на улица „11 Ноември” во Куманово што работел по дозволеното работно време, по што инспектори од Државниот пазарен инспекторат го затвориле објектот.
Како што информира МВР, при контролата било констатирано дека објектот работи по дозволеното работно време за угостителски објекти и не се придржува на одлуката донесена од Владата. Притоа, во објектот биле затекнати девет лица – гости и сопственикот Ф.Р. (30) од Куманово. Од страна на Државен пазарен инспекторат објектот бил затворен.
Според најавите од МВР, по целосно документирање на случајот против сопственикот ќе биде поднесена кривична пријава за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.