Затскриен зад колегите од Правен, се појави обвинетиот професор Драги Рашковски

Рашковски дојде на Правниот факултет за првиот академски час / Фото: скриншот

Обвинетиот професор и екс генерален секретар на Владата Драги Рашковски денеска се појави во аулата на Правниот факултет покрај своите колеги професори и министерот за правда Никола Тупанчевски кој доаѓа токму од овој факултет.

Рашковски деновиве почесто е во судница како обвинет за случајот „Софтвери“ кој се однесува на набавка на два софтвери – за сообраќајни прекшоци и за биометриска идентификација.

Неговиот колега од Правен професорот Никола Тупанчевски не гледа ништо спорно во присуството на Рашковски на првиот академски час.

-Станува збор за мои колеги кои, во различен временски период, биле составен дел од извршната власт. Факт е дека треба да се има спрема секого достоинствен пристап. Единствен критериум за осуда, било каква, е после правосилна судска пресуда. Тогаш би можеле да коментираме за состојбите затоа што само на таков начин може да зборуваме за форматирање на нечија одговорност“, рече Тупанчевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот