Затемнувањето на Сонцето на 25 октомври ќе предизвика катаклизма во животот на овие хороскопски знаци

Фото: Профимедиа

Затемнувањето на Сонцето во Скорпија на 25 октомври 2022 година астролошки се смета за важен настан кој носи многубројни промени.

Затемнувањето се случува во сезоната на Скорпија, а познато е дека Скорпијата е еден од најкомплексните и најмистериозните знаци на Зодијакот – носи трансформации. Сонцето влегува во знакот Скорпија на 23 октомври и ќе биде во него до 21 ноември. Овој период ќе биде многу моќен и ќе забележите многу промени во вашиот живот.

Скорпија е знак на длабочина, интимност и екстремни чувства, па затоа треба да очекуваме вакви теми да се појавуваат често во овој период.

Затемнувањето на Сонцето, последното соларно затемнување во 2022 година, ќе се случи на 25 октомври во знакот Скорпија, а последното затемнување во оваа година беше затемнувањето на Месечината во знакот Скорпија на 15 мај, па затоа и овој пат ве очекуваат истите теми. Тие ќе се разликуваат во зависност од вашиот знак. Меѓутоа, бидејќи затемнувањата се случуваат во Бик и Скорпија, можете да очекувате заеднички теми поврзани со овие два знака. Тие вклучуваат пари, удобност, одговорност, љубомора и тајни.

Овен

Ќе имате живописни соништа кои ќе носат моќна порака. Ќе бидете многу чувствителни на влијанија и посвесни за вашата околина. Ако имате силна интуиција, таа може да достигне речиси натприродно ниво, затоа искористете ја паметно. Месеците што се пред вас се идеални за вашиот духовен развој.

Бик

Затемнувањето ќе го активира социјалното поле на вашиот знак. Ќе оживеете некои стари пријателства, а некој што ќе го запознаете во текот на затемнувањето ќе игра подоцна многу важна улога во вашиот живот. Тоа може да биде вашата сродна душа. Пред вас ќе се отворат различни можности и ќе бидете подготвени да ги искористите.

Близнаци

Затемнувањето ќе ви ги доведе амбициите до кулминација. Вашата иднина ќе изгледа посветла. Иако нема да ви биде лесно, подготвени сте за предизвици и можете да сметате на вашите инстинкти кои ќе ви го покажат вистинскиот пат.

Секогаш кога ќе почувствувате дека ви е доста, застанете и слушајте го вашиот внатрешен глас.

Рак

Пред вас се отвораат нови врати и наидувате на сосема нови искуства. Ќе станете посвесни за тоа што навистина сакате и ќе видите дека досега не сте го искористиле целиот свој потенцијал. Искористете ги сите можности кои ќе ви се отворат и ќе ви дадат шанса да патувате – било во физичка или духовна смисла.

Лав

Оваа нова страна што се отвора во вашиот живот ќе се одрази на финансиското поле. Тоа нема да биде очигледно веднаш, но бидете подготвени да ја искористите можноста кога среќата ќе ви се насмевне. Ќе размислувате за нови инвестиции, а ова е идеално време да ги реализирате вашите планови поврзани со уредување на просторот за живеење и заживување на стариот план на штедење. Ако сте слободни, на повидок е нова љубовна романса.

Девица

Ќе создадете силни врски со другите луѓе. Ќе запознаете некого и ќе имате чувство дека веќе сте се сретнале во претходниот живот. Ќе имате поголема емпатија кон другите луѓе и од ова ќе научите и повеќе за себе и за своите чувства.

Вага

Имате шанса да ги избришете сите негативни аспекти на вашата личност кои не ја одразуваат вашата вистинска природа. Ослободете се од старите навики, врски и обврски од минатото. Тоа ќе доведе и до намален стрес, што ќе ви го олесни процесот. Време е и да ги остварите своите желби и да се посветите на грижата за вашето здравје.

Скорпија

Вашиот креативен потенцијал и интуиција ќе се зголемат и ќе уживате во нив. Одлуките што ќе ги донесете за време на затемнувањето ќе ве одведат чекор поблиску до вашата самореализација.

Стрелец

Почнувате да гледате колку вашето детство ве обликувало во личноста каква што сте денес. Можеби ќе ги преиспитате своите стари верувања, навики и мислења, кои се резултат на вашето воспитување. Кога реално ќе ги согледате работите, ќе станете посвесни за тоа кои сте навистина и ќе стекнете нова самодоверба.

Јарец

Некои прекрасни работи се пред вас и ќе запознаете добри луѓе. Фокусирајте се на поддршката на вашите пријатели. Комуникацијата во сите облици, па дури и преку социјалните мрежи, ќе ги одбележи следните шест месеци од вашиот живот. Во овој период можете да научите нешто ново, што ќе ви ги подобри шансите да најдете нова работа.

Водолија

Парите ќе ви бидат главна преокупација и ќе бидете фокусирани на зголемување на приходите. Избегнувајте непромислено трошење и размислете за штедење. Искористете ја вашата динамичност за да пронајдете нов извор на приход. Колку повеќе извори на пари најдете, толку посигурна ќе биде вашата иднина.

Риби

Ова е вашата шанса да изберете каде сакате да одите од оваа точка. Вашата засилена интуиција ќе ви овозможи да ги почувствувате сите пречки што би можеле да ви се појават на патот. Верувајте му на инстинктот и тоа може да ве доведе до успех. Затемнувањето ќе има моќно влијание врз вашите емоции и ќе ви даде сила да се ослободите од некои ограничувања од минатото, сомнежи и стравови. Ќе станете посвесни за вашата внатрешна сила и целосниот потенцијал.

 

.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот