Засилени дезинфекциски мерки во гевгелиско

Фото: Википедија

Првиот детектиран и потврден случај на заразено лице од коронавирусот во Гевгелија ги натера надлежните од ЈПКД „Комуналец” веднаш да ги засилат дезинфекциските мерки на улиците и јавните површини каде се движат и престојуваат граѓаните.

Улиците во градот и јавните површини се дезинфицираа уште синоќа, додека траеше полицискиот час и додека немаше движење по нив. Тоа беше прилика цистерните на претпријатието со дезинфициенси непречено да минат по градот и, како што велат надлежните, таквата операција ќе ја повторуваат секој петти ден.

Од гевгелиски „Комуналец” потврдија дека по препорака на СЗО и Институтот за јавно здравје од Скопје, од 20 март пристапиле кон зголемување на количината на резидуален хлор во водоводната мрежа на ниво од 0,5 мг/л заради превенција на населението од Ковид-19.

Од претпријатието велат дека оваа количина била дозволена горна граница на хлор во водата, дека не била штетна по здравјето на луѓето и дека надлежни од институтот за јавно здравје ПЕ Гевгелија со технолог од „Комуналец” редовно земале мостри за испитување на нивото на резидуалниот хлор во водата за пиење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот