Засега не се планира средба меѓу Путин и Бајден

Џо Бајден и Владимир Путин / Фото: EPA/MAXIM SHIPENKOV

Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Џо Бајден во моментов немаат планови за средба, соопшти Кремљ, откако заменик-министерот за надворешни работи на Русија изјави дека Москва не ја исклучува можноста за средби на високо ниво меѓу двете земји.

„Во моментов не се зборува за никаков самит“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков рече, како што се приближува состанокот на двете земји во Каиро за ширењето на нуклеарното оружје, дека Русија не ја исклучува можноста за состаноци на високо ниво со САД за „стратешка стабилност“.

Сепак, Рјабков навести дека нема што да се разговара со САД за Украина. Двете страни имаат радикално различни позиции, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот