Започна кампањата за општите избори во Конго кои ќе се одржат следниот месец

Фото Архива

Претседателот на Конго, Феликс Тшисекеди денеска ја започна кампањата за претседателските избори на 20 декември, додека во исто време опозициските партии и движења не успеаја да се договорат за заеднички кандидат.

Во говорот пред своите поддржувачи на стадионот во Киншаса, актуелниот претседател го обвини претседателот на Руанда, Пол Кагеме за дестабилизација на Конго.

Конгоанските власти долго време тврдат дека силите на Руанда ги поддржуваат бунтовниците познати како М23 на истокот на земјата, што Руанда го негира.

Тој, исто така, ги обвини своите противници дека ги поддржуваат потезите на Руанда.

На состанокот организиран во Јужна Африка, претставниците на опозицијата не успеаја да се обединат зад противникот на Цисекеди.

Цисекеди беше прогласен за победник на изборите во Конго во 2018 година, кои се одржаа откако претседателот Џозеф Кабила се откажа од власта по 18 години под меѓународен притисок.

Конгоанскиот лидер ја покрена можноста териториите Масиси и Ручуру, кои се под контрола на бунтовниците, да бидат исклучени од учество на изборите поради безбедносни причини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот