Заносен летен стајлинг: Ана Ивановиќ како модна инспирација! (ФОТО)

Instagram
Фотографија: Instagram

Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ на својот инстаграм-профил со фановите сподели интересни модни инспирации. Првиот стајлинг кој за помалку од 24 часа доби повеќе од 40 илјади лајкови е комбинација на елеганција и спортски стил. Прекрасната Ана комбинирала црно боди со машни и со бело лелеаво здолниште кое потсетува на моделот кој го носеше за време на тениските натпревари.

инстаграм

Вистински погодок била корпа-чантата која на овој стајлинг му дала посебно интересна нота. Ваквите чанти се апсолутен хит ова лета и доколку ви се допаѓаат одлично можете да ги комнбинирате со спортски или кежуал стил.

инстаграм

Вториот стајлинг кој го покажа на друштвените мрежи е сличен на првиот и исто така предизвика големо воодушевување, со оглед на тоа дека Ана покажа чиста елеганција. Црно-белото здолниште во комбинација со црна блуза на бретели е одличен спој во кој ќе ви биде исклучително пријатано, а притоа ќе изгледате заносно.

инстаграм

Погледнете неколку летни комбинации на поранешната тенисерка кои може да ви послужат како инспирација.

инстаграм
инстаграм
инстаграм
инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот