Загина осумнаесетгодишно момче од тетовско, откако со „БМВ“ излетало од патот и удрило во столб

Фото: Илустрација

Осумнаесетгодишно момче од тетовското село Синичане го загуби животот откако возејќи „бмв“ излетал од патот и удрил во бетонски столб.

„На 02.10.2023 во 21.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Пирок-Тетово, кај с.Долно Палчиште, тетовско, патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки кое, според првичните сознанија од увидот, било управувано од М.З.(18) од с.Синичане, тетовско, излетало од коловозот и удрило во столб. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал М.З, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, додека сопатникот А.З.(23) од истото село се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот