Ракетен напад врз Одеса: Двајца мртви, осум повредени – уништени куќи и згради

Ракетен напад врз Одеса – најмалку две лица загинаа, осум повредени, уништени куќи, згради и друга цивилна инфраструктура. Ова го соопшти локалниот гувернер Олег Кипер.

фото: ЕПА

„За жал, две лица загинаа во руски ракетен напад. Уште осум лица се повредени до различен степен, меѓу кои и едно 12-годишно момче“, напиша гувернерот Олег Кипер на Телеграм.

Црноморското пристаниште Одеса е важно за украинските извозници и редовно е цел на смртоносни ракетни и напади со дронови. Во исто време, во Харков, вториот по големина украински град кој често е цел на руски напади, денеска во руски напад е ранет еден цивил, соопштија локалните власти. Локалниот гувернер Олег Синегубов соопшти дека 42-годишен маж бил ранет од шрапнели за време на руски ракетен напад.

фото: ЕПА
 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот