Заев: Здравјето на граѓаните пред сѐ!

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Апелирам уште еднаш до сите граѓани и до компаниите да ги следат целосно насоките и препораките на институциите и да се придржуваат строго до мерките, напиша Заеев.

Во време кога нашата земја и целиот свет се соочуваат со здравствена криза мора да бидеме обединети и сложни во еден единствен приоритет: Здравјето на граѓаните пред сѐ!“, пишува на својот Фејсбук профил лидерот на СДСМ и експремиер, Зоран Заев.

„Сите теренски активности во рамки на тековната кампања се откажани, а јавните комуникации целосно ги прилагодуваме според насоките на надлежните институции.

Апелирам уште еднаш до сите граѓани и до компаниите да ги следат целосно насоките и препораките на институциите и да се придржуваат строго до мерките.

Институциите се подготвени, на време реагираат и преземаат чекори за заштита на јавното здравје.

Но, за целосна контрола на состојбата потребна е поддршка од секој. Само заедно може да се заштитиме“, додава Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот