Заев: Загадувањето на воздухот е огромен проблем за кој треба да ги ангажираме сите расположливи капацитети

Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил напиша дека загадувањето на воздухот во државата е проблем за кој ќе ги ангажираат сите расположливи капацитети.

„Загадувањето на воздухот е огромен проблем за кој имаме обврска да ги ангажираме сите расположливи капацитети во општеството.

Изминатава недела се соочуваме со нови подметнати пожари кои дополнително ја отежнуваат ситуацијата. Затоа дадов насока на министрите Оливер Спасовски и Насер Нуредини итно да ги повикаат сите надлежни инспектори на состанок во Владата.

Очекувам да се засилат сите контроли и сите надлежни да бидат постојано на терен со цел да се откријат и соодветно казнат оние кои го загрозуваат нашето здравје.“, напиша Заев на Фејсбук.

Загадувањето на воздухот е огромен проблем за кој имаме обврска да ги ангажираме сите расположливи капацитети во…

Publiée par Zoran Zaev sur Jeudi 31 octobre 2019

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот