Заев: Унапредувањето на регионалната инфраструктура значи можност за поврзување на нашата држава со регионот

Силна поддршка од страна на Европската инвестициона банка во европската агенда на стратешките регионални и домашни проекти ни пренесе заменик-претседателката Лилјана Павлова на денешниот состанок, напиша премиерот Зоран Заев.

-Унапредувањето на регионалната инфраструктура значи можност за подобро инфраструктурно поврзување на нашата држава со регионот, но и меѓу државите во регионот, што значително влијае и на унапредувањето на политичката соработка. Подеднакво важна е и поддршката што ја добиваме во делот на унапредувањето на квалитетот на живот на граѓаните дома. Како значајни проекти ги издвоивме патното регионално поврзување во рамките на проектот Коридор 8 и проектот Интерконективен гасовод Северна Македонија – Грција- напиша Заев на својот фејсбук профил.

На домашен план, вели Заев, тоа се вложувањата во здравствениот сектор, во зелената агенда и енергетската ефикасност, водоснабдувањето, дигитализација на училиштата, зајакнување на институционалните капацитети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот