Заев: Сите функционери на државно и локално ниво и јавната администрација со минимална плата од 14.500 денари за април и мај

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, на денешната прес-конференција предложи платите на функционерите и јавната администрација да бидат сведени на минимум.

– Сите функционери на државно и локално ниво премиер вицепремиер, раководители, судии, обвинители ќе примаат минимална плата од 14. 500 денари за април и мај.

Истото важи и за јавниот сектор, јавната администрација на државно и локално ниво, ќе примаат плата од 14.500 денари за месеците април и мај.

Ова не се однесува на докторите, медицинскиот персонал, полицајците и војниците кои помагаат за справување со коронавирусот, истакна Зоран Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот