Заев: Нема да има покачување, гарантираме стабилна цена на струјата во следната година

Гарантираме стабилна цена на струјата во следната година, изјави премиерот Зоран Заев кој денеска во Собранието одговара на пратенички прашања.

Тој рече дека со либерализацијата на пазарот на електирична енергија нема да се зголеми цената на струјата како што тврдеше минатата власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

– Нема да се зголеми цената на домаќинствата, а 20 до 30 проценти од деловните објекти од помал обем како што се пекари, производители на сладолед, занаетчиски работилници ќе имаат намалување на цената на струјата од 140 евра на мегават часови на 80 евра на мегават часови – рече Заев.

Додаде дека минатата власт ја одложувала либерализацијата со образложение дека со тоа ќе се зголеми цената на струјата, но оти вистинската причина за зголемување било недомаќинското работење на енергетските компании.

Прочитајте и...  Уапсени двајца патници на летот Амстердам-Ибица: Одбиле да носат маски, почнала тепачка (ВИДЕО)

– Во 2014 година кога Владата донесе одлука дека се одлага либерализацијата се случува тренд на пораст на цената на струјата за вкупно 60 проценти од 2006 до 2013 година. Тоа е затоа што немало рационално работење на енергетските компании. Во 2014 година ЕЛЕМ работи со загуба од 14,5 милиони евра годишно, а денеска ЕЛЕМ има акумулирана добивкаод 46, 3 милиони евра. Тоа се податоци со кои се гордееме и со кои покажуваме дека транспретност и домаќинско работење носат заштеда на јавни пари, рече Заев.

Прочитај повеќе

Струјата ги запали социјалните мрежи

Уништени канделабри во скопски Аеродром (ФОТО)

Слободен печат

Уште тројца млади на возраст од 19 и 22 години заболени од Ковид-19 во Кавадарци

Слободен печат

ИНТЕРВЈУ Д-р Ирина Сотирова Бухова: Старските домови и понатаму треба да се „мета“ на посебно внимание

Разговараше Мирослава Бурнс

Евакуирани жителите од околината на Мадрид поради пожар

Слободен печат

Мал авион падна врз зграда во село во близина на грчкиот град Серес

Миа Агенција

Остави Коментар

Прочитај повеќе

ВО ЖИВО: Протест во Белград, демонстрантите фрлаа со јајца и домати врз српскиот Парламент

Слободен печат

Заборавете на доларот, купувајте злато: Цената на скапоцениот метал ќе руши рекорди до крајот на годината

Слободен печат

„Трескањето од земја“ на журките во Градиште заврши со кривични пријави

Мирослава Бурнс

Џафери ја напушта Инфективна, ќе ја води конститутивната седница

Слободен печат

МЗ: Вирусот најризичен за постарите лица, почитувањето на мерките за заштита од сите е клучно за нивна заштита

Слободен печат

Полн автобус од Охрид за Скопје: Сите патници се вознемирени и сакаме да се преземат мерки!

Слободен печат