Заев на утринска средба со Ангела Меркел

Во рамките на економскиот форум во Берлин, премиерот Зоран Заев денеска се очекува да одржи средба со германската канцеларка Ангела Меркел.

Според последните информации средбата на Заев и Меркел е закажана за утрово во 9.30 часот.

Портпаролот на федералната влада, Штефен Зојберт, потврди дека Меркел тогаш ќе го пречека Заев во Сојузната канцеларија.

Предмет на дискусијата ќе бидат билатералните односи и прашањата на надворешната политика, се вели во соопштението.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот