Заев: Јас ги видов аргументите на РКЕ и мислам дека Парламентот не треба да посегнува по никакви одлуки за разрешување

Скопје, 18 август 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Бојкотот не е решение само на добар начин ќе служиме ако сме активни од улогата која ни е дадена од граѓаните. Не е решение бојкотирање на институциите на системот, рече лидерот на СДСМ околу одлуката на РКЕ за зголемување на цената на струјата.

– РКЕ е независно регулаторно тело. одлуките ги носи на аргументации на цена на производителот на струја, преносен систем и ЕВН. Во делот на новата одлука, цената на учеството на ЕВН во цената на струјата е намалено за 1, 10 отсто, зголемена е струјата на барање на ЕСМ и МЕПСО, кое бараше 80 отсто зголемување. Тоа апсолутно се должи на последиците од коронакризата и неповолната состојба со хидро акумулациите. Некои сметаат дека вработени се причина за цената, тие луѓе работат таму во производство и пренос. Ако напрвите паралела имаме една од најевтините цени на струја во регионот, ако направите во однос на платите споредено, ние сме пак на најниско ниво. Јас ги видов аргументите на РКЕ и мислам дека Парламентот не треба да посегнува по никакви одлуки за разрешување. Зголемувањето на цената е 100 или 150 денари, а создаваме покапацитетни државни институции, рече Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот