Заев: Дојдете утре да го одбележиме Денот на независност пред Школка

Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил вечерва ги повика граѓаните на утрешната прослава за 8 септември – Денот на независноста.

„Почитувани граѓани, во недела, со почеток во 11 часот, дојдете заедно да го одбележиме Денот на независноста – 8 Септември, под мотото „Боите на независноста“, во Градскиот парк, пред Школка.

Во рамки на прославата, предвидена е богата културно-уметничка и забавна програма, со настапни на Петко и 5+, Денсерс Јунајтед, Виолета Томовска, Ај Кју, Елита Зибери и Драган Б. Костиќ.

Ќе можете да учестувате и во активностите на министерствата, да уживате во традиционална храна од сите краеви на Северна Македонија, да учествувате во спортски активности, да ги погледнете вештините на Армијата и полицијата, да го проверите своето здравје и да научите повеќе за заштитата на животната средина.“, вели објавата на премиерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот