Заев: Ако има потреба, подготвен сум за лидерска средба за Законот за ЈО

Фото: МИА

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека е подготвен да свика лидерска средба за Законот за јавно обвинителство, ако има потреба за тоа, но нагласи дека сепак треба да се даде шанса за решение по законски пат.

– Очекуваме од работните групи да кажат дали има потреба за лидерска средба. Ако тие кажат јас сум подготвен. Целта е да се изнајде решение за Законот за јавно обвинителство, изјави Заев, по посетата на болницата „8-ми Септември”.

Прашан дали има план Б или 80 пратеници, премиерот Заев, рече дека не размислувал за тоа бидејќи треба да се даде шанса за решение по законски пат..

– Верувам дека низ законот ќе се најде решение. Да му дадеме шанса на законот. Имаме седум дена. Треба да се најде решение. Голем дел од финесите се решени, порача Заев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот