За „ситно“ никој не сака да работи!

Невработеноста во БиХ главно е намалена поради неактивноста на работната сила и емиграцијата, а не поради новоотворените работни места, покажува извештајот на Светска банка.

Работодавачите во БиХ се почесто се соочуваат со недостаток на квалификуван кадар и масовното заминување на работната сила. Компаниите чие мото е „евтина работна сила“, преку ноќ остануваат без работници и се потешко доаѓаат до нови.

Пример за тоа е Требиње, каде што голем број на работници имаат заминато во Дубовник, соседна Хрватска (ЕУ), каде за истата работа заработуваат тројно повеќе, отколку во Требиње.

Овие податоци ги објавија организаторите на Меѓународната конференција „IFTDO“, која ќе се оддржи во јуни.

Трендот на масовно заминување на повремена работа во Хрватска започна минатата година, а според проценките, околу 1.500 лица од Требиње оваа сезона ќе работат во Хрватска.

На градежните компании во Требиње веќе подолго од осум месеци имаат недостаток од десетици работници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот