За Мицкоски, еден од аргументите на власта за внесување на Бугарите во Уставот е „или незнаење или манипулација“

„Тоа е една многу погрешна констатација која што изминатиот период ја зборуваше прво Али Ахмети, потоа дел од министрите кои што доаѓаат од ДУИ, а сега гледам, како што е редоследот таму, почнува да го зборува тоа и Ковачевски и останатите од СДСМ, Маричиќ и сличните“, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со аргументот дека внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав ќе бид конечна дистинкција на македонскиот од бугарскиот народ.
Одговарајќи на прашања на отворањето на политичката академија во организација на Партискиот истражувачки и аналитички центар „Љубиша Георгиевски“,
Мицкоски посочи дека ги разбира преставниците на власта „затоа што тие изгледа дека многу не другарувале со книгите, па не ги разбираат работите и поради тоа се обидуваат, нешто кое што го слушнале-не дослушнале, да го прераскажуваат“.
„Ни авторот на живковизмот немал проблем со современата македонска нација. Ниту тој имал проблем, ниту пак сега и неговите следбеници во Бугарија, а еден од нив е претседателот Радев. Тие немаат проблем со македонската нација која што е резултат на формирањето на современата македонска држава како резултат на одржаните собранија на АСНОМ и АВТОЈ и така натаму. Туку тие имаат проблем со македонскиот народ претходно, значи пред да се формира македонската држава и македонската нација, тоа е проблемот. Тие велат дека македонскиот народ е всушност бугарски народ и тоа е суштината. Никој од нив нема проблем кога вели, видете современата македонска нација е резултат на заседанијата на АСНОМ и на АВНОЈ, антифашистичката борба и формирањето на македонската држава, тоа треба секој да го знае. Тука нема никој проблем, туку што се случувало претходно. Тие велат, да тогаш се формираани тие ентитети, но претходно таму постоеле Бугари и живееле Бугари, тоа е суштината“, рече Мицкоски.