За 24 часа уапсени пет дилери

Петмина дилери на дрога, меѓу нив и еден малолетник се уапсени од полицијата во изминатите 24 часа. Според полицијата вчера на улицата „Жан Жорес“ во Скопје е уапсен М.Б. (21) кој поседувал извесна количина марихуана. На улицата „Шарпланинска“ биле уапсени Р.К. (20) и 17-годишник од Скопје, на кеј „13 Ноември“ бил уапсен Т.Н.(26) од Скопје, а во тетовското село Лешок пак е уапсен И.К.(36) од тетовското село Доброште. И кај овие уапсени полиските службеници пронашле марихуана за препродажба. Против петмината уапсени од полицијата најаваија дека ќе поднесат кривични пријави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот