Вучиќ спремен да поднесе оставка, Србија пред вонредни избори во септември?

Александар Вучиќ/Фото: EPA-EFE/NEMANJA JOVANOVIC

Според неофицијални информации од врвот на Српската напредна странка кои ги пренесуваат српските медиуми, во септември ќе има вонредни избори на кои кандидат за премиер ќе биде Александар Вучиќ, актуелен претседател на државата и лидер на Српската напредна партија, кој, според истите извори, веќе бил подготвен да поднесе оставка на претседателската функција.

Како што неофицијално дознава „Блиц“, на денешната седница на партиското раководство на Напредната партија, Вучиќ одржал „остар говор“.

„Подобро е да се оди во опозиција отколку да се води државата партиски и приватни интереси. Подготвен сум да одам на избори како кандидат за премиер, но нема да попуштам под уцена“, рекол Вучиќ.

Тој додал дека неговата партија е сама во одбраната на државните интереси и дека „со себе го има само народот“. Ваквите зборови доаѓаат по бурната седница на Парламентот на крајот од минатата недела, на која Вучиќ го образложи „европскиот план“ за решавање на споровите меѓу Белград и Приштина.

Претседателот на Србија пред сопартијците рекол и дека „му е доста од корумпирани луѓе кои сакаат да се збогатат на сметка на партијата, често повикувајќи се на него во нивните матни работи и секогаш кога требало да се борат за државата и народот, тие први го свртеле грбот“. Седницата завршила со неговите зборови „Србија победи“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот