Вучиќ и Пленковиќ во Давос разговараа за српско-хрватските односи

Фото: Инстаграм/buducnostsrbijeav

Вучиќ престојува во Давос, каде се одржува Светскиот економски форум, на кој ќе учествува на два панели и ќе има серија билатерални состаноци.

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес во Давос се состана со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

– Утрински разговори за српско-хрватските односи со премиерот Андреј Пленковиќ – напиша Вучиќ на својот профил на Инстаграм, со фотографии од неговата средба со хрватскиот премиер.

Вучиќ престојува во Давос, каде се одржува Светскиот економски форум, на кој ќе учествува на два панели и ќе има серија билатерални состаноци.

Прво учествува на панелот „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“, а потоа на работен ручек на темата „Генерирање раст за Централна и Источна Европа”.

Како што најави синоќа, тој ќе зборува за тоа како ја гледа иднината, за „малиот Шенген”, економската соработка и други прашања.

Вучиќ ќе присуствува и на обраќањето на американскиот претседател Доналд Трамп пред учесниците на Форумот, додека на маргините на собирот, предвидено е да се сретне со Роберт О Брајан, советник за национална безбедност на американскиот претседател и со претседателот на Европската банка за обнова и развој, Сумантра Чакрабарти.

Српскиот претседател вчера потврди дека ќе учествува на еден од панелите на Светскиот економски форум во Давос и со Хашим Тачи.

-Очекувам размена на аргументи, која нема да биде едноставна, ниту лесна, но верувам дека во цивилизиран тон, ќе можеме да го сториме тоа – рече Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот