Вучиќ и Брнабиќ ги почестија со вечера Заев и Рама
Премиерот Зоран Заев денеска пристигна во Србија, а утре ќе учествува на трилатерален состанок со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и претседателот на Владата на Република Албанија, Еди Рама.
Премиерот денеска вечерал со српскиот претседател Вучиќ, премиерката на Србија Ана Брнабиќ и албанскиот премиер Еди Рама, како што покажа на фотографијата која ја објави на својот Фејсбук профил.
„Добредојдена е секоја иницијатива што оди во насока на зајакнување на регионалната соработка, како критериум и во ЕУ агендата и што ја забрзува евроинтеграцијата на Западен Балкан.
Утре со Претседателот на Србија Александар Вучиќ и со премиерот на Албанија Еди Рама ќе разговараме за тоа во Нови Сад.
Имаме неискористен потенцијал за зголемување на регионалната соработка, интензивирање на трговијата, протокот на стоки, мобилноста на луѓе, услуги и капитал, меѓу сите земји од Западен Балкан.“, напиша премиерот Заев.