Кејт Мидлтон и принц ВИлијам со децата - Фото: Принтскрин/Инстаграм

Вртат нов лист: Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се селат во нова куќа вредна 16 милиони фунти во Виндзор

Принцот Вилијам и принцезата Кејт се подготвуваат за голем чекор во нивниот живот – преселба во Форест лоџ, нивниот нов дом во срцето на Големиот парк Виндзор.

Тоа претставува значајна промена за семејството од пет члена кое ќе се пресели во својот нов дом пред крајот на годината.

Преселбата во Форест Лоџ претставува повеќе од само промена на адресата за принцот и принцезата од Велс. По турбулентна година обележана со смртта на кралицата Елизабета Втора и дијагнозите за рак што ги погодија и кралот Чарлс и принцезата Кејт, ова преселување симболизира нов почеток и враќање во нормалниот живот.

Сегашниот дом, Аделаида котиџ, доста добро му служи на семејството на принцот од Велс од 2022 година, обезбедувајќи им дом во Виндзор каде што нивните деца – принцезата Шарлот, принцот Џорџ и принцот Луисм го посетуваат блиското училиште Ламбрук. Сепак, куќата има само четири спални соби, додека Форест лоџ нуди двојно поголем простор, осум спални соби, поточно.

Форест лоџ / Фото: GoffPhotos.com / Goff Photos / Profimedia

Семејството на Кејт и принцот Вилијам претпочита семеен дом пред традиционалниот начин на живот во палатата. Тие планираат да ја одржат својата традиција да нема персонал кој ќе живее со нив во Форест лоџ, што секако го зголемува чувството на нормален семеен дом.

Според документите за градежна дозвола поднесени во јуни, реновирањата веќе се во тек, и внатре и надвор, а неодамнешното одобрение укажува дека преселбата би можела да се случи пред Божиќ. Работата ќе обезбеди Форест лоџ да биде целосно подготвен за своите нови жители. Според британските медиуми, принцот и принцезата сами ќе ја финансираат купувањето и сите потребни адаптации.

Имотот, кој некогаш беше достапен за изнајмување за 15.000 фунти месечно, сега се проценува на околу 16 милиони фунти. Форест лоџ ќе стане семеен комплекс што ќе ја комбинира старомодната елеганција со модерните потреби на младото кралско семејство, обезбедувајќи им стабилност и мир што ги бараат по години предизвици.

ФОТО | Kејт Мидлтон на финалето на Вимблдон носеше фустан од српската дизајнерка Роксанда Илинчиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот