„Врие“ на Лезбос: Новиот привремен камп на грчкиот остров со 9.500 бегалци и мигранти

Фото: mia.mk

Во моментот имаме 9.500 лица во новиот камп. Официјално 2.000 се надвор од кампот и околу 1.000 лица во наредните денови ќе влезат во него, изјави министерот за миграција и азил на Грција, Нотис Митаракис за ТВ „Скај” за ситуацијата на островот Лезбос и сместувањето на бегалците и мигрантите во новиот привремен камп, по двата пожари во Морија.

Митаракис притоа објасни дека се бара локација за изградба на новиот затворен центар на Лезбос.

– Нашиот политички избор е да имаме помали центри, со хумани услови за живеење, побезбедни, со безбедносни стандарди за да немаме повторно безбедносни прашања и во внатрешноста и за локалното население. Тоа е она што веќе го правиме на Самос, на Лерос и на Кос, истакна Митаракис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот