Врховниот суд ја потврди 20-годишната затворска казна за поранешната јужнокорејска претседателка

Фото: EPA-EFE/KIM HONG-JI / POOL

Врховниот суд на Јужна Кореја ја потврди 20-годишната затворска казна за поранешната претседателка Парк Гун-хе поради корупција и злоупотреба на положбата.

Таа е обвинета и за земање на мито во посебен случај, по скандалот во 2017 година, што доведе до нејзино отповикување.

Ќерката на диктаторот Парк Чунг-хе, беше сменета од претседателската функција во март 2017 година по повеќенеделните протести со барање за нејзина оставка. Таа беше обвинета дека на нејзината блиска пријателка Чои Сон-сил и помогнала да изнуди пари од јужнокорејските компании, меѓу кои и Самсунг.

Парк во затвор ќе помине 22 години бидејќи изречена и е и двогодишна казна  поради незаконско мешање во парламентарните избори во 2016 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот