ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево со мала до умерена облачност

Сончево време/ Фото: МИА

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Во северозападните планински подрачја ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Минималната температура ќе се движи од 11 до 19, а максималната од 22 до 32 Целсиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува седум.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер.

Следните денови ќе преовладува претежно стабилно време, наместа ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот