Цените се солени, ама Бугарите ги пакуваат куферите за Велигден

Плажа на Црно Море во Бугарија/ Фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV

Еден милион Бугари ги пакуваат куферите и заминуваат следната недела. Туроператорите известуваат за бум во патувањата поради многуте слободни денови околу Велигден и Ѓурѓовден. Од морето до планината.

Одморалиштата се подготвени да пречекаат стотици илјади туристи за празниците. Повеќето туристи го избираат Црното Море, иако сепак е студено за на плажа. Од Бугарите кои патуваат, 850.000 избираат да останат во Бугарија, уште 150.000 ќе летуваат во странство, пренесува НОВА. „Околу 300.000 ќе бидат туристите во земјава во различни форми и места за сместување. Она што најмногу се бара е спа и велнес. Соодветно на тоа, хотелите кои се отворени покрај Црното Море бараат куќи за гости и вили“, вели Румен Драганов од Институтот за анализи и евалуации во туризмот.

Хотелиерите покрај Црното Море прават генерална проба пред летната сезона.

Над 70% од сместувањето ќе бидат отворени за велигденските празници. Подготвени се, подготовките се одвиваат со полна пареа. Индустријата посочува дека цените на море почнуваат од 100-120 лева по лице за ноќевање.

Тие пријавуваат благо поскапување на пакетите ол инклузив, бидејќи храната е најголемиот дел од буџетот. „Се очекува да има зголемување на цените од 10-15% во однос на лани“, додава Станислав Стојанов, потпретседател на Сојузот на хотелиери во Златните песоци, објави порталот Новините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот