Вработените во Германија поради инфлацијата добија бонуси до 3000 евра

евра
Евра / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Дури 72 отсто од компаниите во Германија веќе им исплатиле бонуси на своите вработени поради инфлацијата, додека уште 16 отсто од компаниите планираат да го сторат тоа наскоро, покажуваат податоците на Економскиот институт Ифо. Само 12 отсто од компаниите не планираат да плаќаат премии.

Работодавачите имаат право да им плаќаат до 3.000 евра без даноци и придонеси на вработените од октомври 2022 година до крајот на оваа година поради поскапувања, пишува магазинот „Феникс“.

Од Институтот посочуваат дека малите компании со вакви исплати на бонуси сакаат да ги мотивираат своите вработени, додека големите компании ги даваат пред се затоа што тоа го предвидуваат колективните договори. Причините за исплата на бонуси речиси за секоја втора  компанија се даночните поволности и конкурентноста на пазарот на трудот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот