Вработен во УБК му се јавил на „таргетот“

Фото: МИА

Звонко Костовски од УБК денеска во Кривичен сведочи за предметот „Таргет-Тврдина“ на СЈО. На вкрстени прашања што му ги упатуваат адвокатите и обвинетите, меѓу нив и обвинетата Надица Николиќ, Костовски раскажа и за една грешка во комуникацијата меѓу вработените во УБК.

– Се случи еднаш репродуцер наместо кај инспектор, по грешка да се јави кај таргет – рече Костовски.

Тој повтори дека началниците од УБК имале пристап до транскриптите на прислушуваните разговорите бидејќи имале компјутери во своите канцеларии на кои била инсталирана апликација во која се пишувале транскриптите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот