Вознемирувачка снимка од сообраќајката кај Свети Николе, 4 лица пренесени во болница (ВИДЕО)

На патот Свети Николе кон Куманово вчера се случи тешка сообраќајна несреќа.

На каналот „Јутуб“ беше објавено видео од несреќата, на кое може да се забележи автомобил кој се движи на средината на коловозот, а на моменти и сосема вози на спротивната лента.

Во билтенот на Министерството за внатрешни работи стои дека на 19.07.2020 околу 15.00 часот на регионален пат Куманово-Свети Николе, кај с.Скачковце, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шевролет спарк“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.З.(21) од с.Скачковце, кумановско, и патничко возило „бмв“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ш.Ш.(30) од Куманово. По незгодата, Ш.Ш., М.З. и сопатниците од патничко моторно возило „бмв“, Г.Ш.(31) и Н.Ш.(62), двајцата од Куманово биле пренесени во Клиничка болница Куманово за укажување на лекарска помош. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Куманово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот