Возило удри во три малолетни девојчиња во Чаир

Фото: Фејсбук

Три малолетни девојчиња се удрени од едно возило во движење на улица Христијан Тодоровски Карпош во Чаир.

Според полицијата настанот се случил во 10.58 часот, кога возило Пасат, удрило во девојчињата.

Трите малолетни девојчиња се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, додека според информациите едната од нив е во тешка состојба.

Полицијата е на терен и работи на расветлување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот