ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО: Поради автомобилски натпревар посебен сообраќаен режим во Скопје

Фото: Архива на „Слободен печат“

Викендов од 9 до 16 часот ќе се воведе посебен режим на сообраќај во главниот град поради одржување на Меѓународниот ридско-брзински натпревар во автомобилизам „Награда на Град Скопје – Водно 2019″.

Стартот на натпреварот е од улицата „Тодор Александров” се до Средно Водно. Поради тоа Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по наведената траса, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде ќе се одвива натпреварот.

Организатори на натпреварот се АКК Кастум Кар Реисинг Тим Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот