Вооружена пресметка меѓу две семејства на Косово: Еден убиен, пет лица завршија во болница, осум во полиција

Полициски амблем на Косово / Фото: МИА

Осум лица се уапсени поради убиство во текот на вооружен судир на две албански семејства во село Халач во општина Липљан во кое едно лице им подлегна на повредите, а пет се ранети, соопшти косовската полициска служба.

„По налог на јавен обвинител, осум лица се притворени и против нив е покрената постапка за тешко убиство“, се наведува во соопштението.

Повредените се префрлени во болница во Приштина, каде тројца се оперирани и се во тешка состојба.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот