Воените активности на НАТО во близина на границите го загрижуваат Лавров

Фото: Профимедиа

Русија и Белорусија се загрижени поради зголемената активност на НАТО во близина на границите на двете земји, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Заеднички ја разгледавме ситуацијата во евроатлантскиот регион. Загрижени сме поради постојаниот курс на НАТО кон зајакнување на воените капацитети и се побројните воени активности во близина на нашите граници- рече Лавров.

Белорусија и Русија, рече тој, веруваат дека од клучно значење е да се земат предвид овие процеси во контекст на тоа што сите земји на ОБСЕ се обврзаа дека нема да ја подобруваат својата безбедност на штета на безбедноста на другите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот