Во Тирана почина пациентка заразена со коронавирус, таа е дветта жртва во Албанија

Жената е од приморскиот град Валона, а на Клиниката била хоспитализирана пред четири дена ,а последните два била на интензивна терапија.

Во Инфективната клиника во Тирана синоќа почина 52-годишна пациентка заразена од Ковид-19,со што бројот на починатите од овој новиот коронавирус во Албанија се зголеми на девет лица.

Жената е од приморскиот град Валона, а на Клиниката била хоспитализирана пред четири дена ,а последните два била на интензивна терапија.

Соопштувајќи ја веста, Министертвото за здравство и социјална заштита изрази сочувство до семејството на пациентката и го повтори апелот до граѓаните строго да ги почитуваат препораките и мерките, посебно да седат дома, ако мора да излезат да одржуваат социјална дистанца и да се јават на телефонскот број 127 доколку имаат симптоми на оваа болест.

Инаку, првата жртва од коронавирусот во Албанија беше 73-годишна жена од Драч, која почина на 11 овој месец. Другите починати од новиот коронаврус се од 43 до 85-годишна возраст.

Според официјални податоци досега во Албанија Ковид-19 е  дијагностициран  кај 186 лица, од  четири деца.

Успешно излекуван е 31 пациент, а 77 се хоспитализрани во Инфективната клиника во Тирана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот