Во судар на камиони повреден е возач

Вчера на патот Охрид – Кичево се случил судар на два автомобили и камион во кој едниот возач заради со Итна помош е пренесен во болица во Охрид.

Од полиција информираат дека вчера во 17.10 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина насело Ботун, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „форд ескорт“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.И.(29) од село Требош, товарно моторно возило „ман“ со полуприколка со кумановски регистарски ознаки, управувано од Т.К.(63) од Куманово и патничко возило „пежо 208“ со скопки регистарски ознаки, управувано од Б.К.(32) од село Враништа, струшко.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Б.К. кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во општата болница во Охрид каде му била укажана лекарска помош.

Извршен е и увид на местото на настанот од страна СВР Охрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот