Во стоковна куќа во Токио: Украдена златна шолја вредна 61.000 евра

Фото: domonabike / Alamy / Alamy / Profimedia

Шолја вредна повеќе од 10 милиони јени, што е околу 60.950 евра, била украдена од стоковна куќа во Токио откако била изложена во отклучена проѕирна кутија, пишува „Гардијан“.

Шолјата за чај, направена од чисто 24-каратно злато, исчезна од продажниот објект на трговскиот ланец „Такашимаја“, каде што беа изложени низа златни предмети како дел од промотивен настан.

„Украдената шолја за чај беше еден од најскапите предмети меѓу повеќе од 1.000 изложени парчиња садови артефакти“, изјави портпаролот на трогвскиот ланец. „Беше во отклучена проѕирна кутија, така што лесно можеше да се извади од неа со цел клиентите одблизу да ја погледнат“.

Фото: BRIAN ANTHONY / Alamy / Alamy / Profimedia

На снимката од безбедносните камери се гледа како маж ја става шолјата во својата торба пред да побегне, објавија локалните медиуми. Полициската истрага е во тек.

„Промотивната изложба на златни предмети ќе продолжи, но ‘Такашимаја’ ќе го подигне нивото на безбедност“, најави портпаролот.

Ова е втора криза со која се соочуваат директорите на овој познат трговски ланец во последните месеци. Раководството на Такашимаја во декември се соочи со фијаското на божиќните колачи од 37 евра.

Многу од колачите, кои беа понудени на интернет и требаше да бидат беспрекорно декорирани, им беа испорачани на клиентите толку обезличени што продавачот беше принуден јавно да се извини и да вети враќање на парите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот