Во Србија од утре ново попуштање на рестриктивните мерки

epa08400391 Waiters wearing protective face masks work at a restaurant in Belgrade, Serbia, 04 May 2020, amid the ongoing coronavirus COVID-19 pandemic. Cafes, bars and restaurants are being reopened as the authorities eased some of the measures that have been in place to limit the spread of the coronavirus SARS-CoV-2 which causes the COVID-19 disease. EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Ќе се дозволат собири до 1.000 лица на отворен простор, што вклучува и публика на спортските настани, со држење на физичка дистанца од еден метар.

Србија утре ќе продолжи со ублажување на мерките воведнеи поради пандемијата од коронавирус, додека статистиката во последните 24 часа бележи 31 новозаразен и еден починат од кови-19.

Од почетокот на епидемијата на 6. март починаа 243 лица, од вкупно 11.412 заразени. Процентот на смртност е 2,13 отсто во однос на 2.06 отсто од почетокот на епидемијата.

Во понеделник ќе продолжи дополнителното ублажување на мерките кои беа на сила од воведувањето на вонредната состојба на 15 март и продолжија по укинувањето на 8 мај, објавија денеска здравствените власти.

Ќе се дозволат собири до 1.000 лица на отворен простор, што вклучува и публика на спортските настани, со држење на физичка дистанца од еден метар.

Во затворен простор и натаму може да се собираат максимум 100 луѓе.

Од 1.јуни граѓаните можат на лично барање да се тестираат од коронавирусот, а цената на тестот ќе биде нешто повеќе од 10 евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот