Во Србија никогаш немало помалку жители од денес

Тоа што загрижува е фактот дека негативниот природен прираст постојано се зголемува: секоја година Србија е помала за околу 36.000 жители.

Добра вест е тоа што во првите десет месеци од минатата година во Србија се родени околу 600 бебиња повеќе отколку во истиот период во 2018 година. Сепак, лошата вест е тоа што и покрај сè, на почетокот на минатата година, по половина век, населението во Србија падна под седум милиони, пренесува „Блиц.рс“.

Тоа што загрижува е фактот дека негативниот природен прираст постојано се зголемува: секоја година Србија е помала за околу 36.000 жители. Експертите велат дека бројот на починати може да се намали дури за седум до осум години, кога старосната структура на населението ќе излезе од периодот на голема смртност.

Минатата година во Србија е забалежано население кое брои под седум милиони жители, што значи дека, барем во поновата историја, во Србија никогаш немало помалку жители од денес.

Проценетата популација на 1 јануари 2019 година била 6.963.764 жители, според податоците на Заводот за статистика на Република Србија. Во средината на 1968 година, Србија за прв пат ја надмина бројката од 7 милиони, а денес, 50 ​​години подоцна, повторно се соочува  со слична ситуација.

Репродуктивен период

Демографот Владимир Никитовиќ за „Блиц“ вели дека, бројот на жени кои во моментов се во репродуктивна возраст е исклучително важен за Србија.

– Бројот на родени зависи од два фактора, бројот на жени кои во моментов се наоѓаат во години на раѓање таканаречен репродуктивен период, а тоа е предодредено со стапката на наталитет во минатото. Со други зборови, зависи од тоа колку генерации на жени се веќе родени на возраст меѓу 20 и 40 години, под услов жените исто да раѓаат денес и минатата година. Бројот на бебиња нема да биде ист, затоа што бројот на жени во репродуктивна возраст не е ист. Втор фактор е моменталната стапка на наталитет и на тоа сигурно може да влијаат мерките што ги спроведува сегашната политика- објаснува Никитовиќ

Годишните текови, вели тој, се единствените релевантни, бидејќи не можеме да донесеме конечна одлука за статистиката на раѓање за изминатата година, врз основа на податоците кои ќе бидат достапни дури за десет месеци. За да се направи проценка на промените во тенденцијата на раѓање, потребно е минимум три до пет години, така што е рано да се заклучи дали мерките на популациската политика имаат ефект.

– Дури и да се случи драстичен скок кај породувањата минатиот ноември и декември во однос на истите месеци од 2018 година, тоа немаше драстично да влијае на статистиката. Ова го велам токму затоа што многу е важен обемот на жени кои можат да раѓаат. Можеби делува многу  600 бебиња родени повеќе од минатата година, но реално не е доволно да се процени статистиката како попозитивна – посочува Никитовиќ.

Негативен раст

Сепак, вели тој, не се очекува значителен пораст на бројот на родени бебиња, имајќи во предвид дека во години на раѓање влегуваат се помал број генерации девојчиња, за разлика од пред 20 години.

– Ако популационите мерки дадат некои позитивни ефекти, тие ќе бидат ограничени со фактот дека помалку генерации девојчиња влегуваат во репродуктивна возраст – вели демографот.

Природниот прираст за наведениот период во 2019 година не значително, но сепак е негативно поголем отколку во 2018 година. Веќе 30 години, природниот пораст во Србија  е негативен, а како што вели демографот, овој негативен тренд се очекува да расте во наредните години.

– Кога станува збор за природниот раст, смртност е важна, особено т.н. генерацијата на бејби бум, родена по Втората светска војна, која сега влегува во години кога смртноста е висок. Затоа, без оглед на мерките, сепак ќе имаме негативен природен прираст, бројот на умрени ќе се зголемува уште некое време, барем уште седум до осум години- вели демографот и додава дека ако го интерпретираме бројот на раѓања на бебиња преку природен раст ќе испадне дека нема промена, што не е точно.

Просечната возраст во Србија е 43 години и 1,48 е просекот на деца по брачна двојка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот