Во сообраќајка во Грција загинаа седум лица, најверојатно мигранти

полиција грција / фото архива

На автопатот „Егнатија”, во близина на грчкиот град Александруоли седум лица загинаа, петмина се повредени, откако се превртело украдено возило во кое имало 12 лица, а најверојатно станува збор за нелегални мигранти, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција соопштија дека сообраќајката се случила кога возилото, кое што било украдено, излетало од патот, удрило во бетонски ѕид од патарините што се градат на автопатот и се превртело.

„Според досегашните податоци од истрагата, патничкото возило, за кое беше пријавена кражба на 4 август 2020 година во полициска станица во Солун, е вмешано во криумчарење нелегални мигранти“, соопштуваат од грчката полиција.

Починатите и повредените биле пренесени во болницата во Александруполи, а според грчката новинска агенција АНА-МПА, сите 12 лица се мажи, не е познат нивниот идентитет, а еден од петтемина повредени е во сериозна состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот