Во Словенија намален бројот на новозаразени, но епидемиолошката ситуација и натаму тешка

Медицински лица во Словенија / Фото: Архива

Во Словенија се намалува бројот на новозаразени со коронавирус, но епидемилошката состојба и натаму е лоша, поради што се откажани и некои манифестации кои требаше да се одржат кон крајот на месецот.

Во последното деноноќие потврдени се 3.568 нови случаи, што изнесува 39,3 отсто од вкупно направените тестови. Бројот на новозаразени е помал за околу илјада во однос на претходниот ден, но бројот на хоспитализации и натаму е многу висок. Во болниците има 920 ковид-пациенти, од кои 208 се во одделите за интензивна нега.

Во моментов има 39.970 активни случаи на инфекција, просечното дневно заразување во последните седум дена е 3.205, а инциденцата на 14 дена е 1.895,5, додека 53,5 отсто од населението е целосно вакцинирано, пренесува Хина.

Иако владата не се определи за целосно заклучување поради алармантната епидемиолошка ситуација, како што сугерираа некои епидемиолози, од оваа недела во сила се нови ограничувања, вклучително и забрана за собири надвор од кругот на семејството, а некои веќе договорени економски манифестации се откажани.

Организаторите на љубљанскиот традиционален годишен книжевен саем, кој требаше да се одржи на крајот на месецот, најавија дека вторпат по ред ќе се одржи само во виртуелна форма, а и меѓународниот саем за мебел „Дом и амбиент” ја доживеа истата судбина.

Поради влошената состојба, Владата ги забрани сите јавни манифестации, вклучително и саемите, иако до неодамна се сметуваше дека тие ќе може да се одржуваат со вообичаени мерки и под маски.

 

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот