Во Скопје вчера казнети 58 возачи - Слободен печат
Хроника

Во Скопје вчера казнети 58 возачи

Во три сообраќајки со полесни повреди се здобиле три лица, а во три била причинета материјална штета.

Две лица се здобиле со тешки телесни повреди во две од вкупно осум сообраќајки во текот на вчерашниот ден. Во три сообраќајки со полесни повреди се здобиле три лица, а во три била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 58 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи поминале на крстосница на црвено светло, а двајца возачи не дале првенство на минување на обележан пешачки премин.

Еден возач е санкциониран за неправилно престигнување, 14 возачи за не носење заштитен шлем, пет возачи за не  користење сигурносен појас и 17 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Од сообраќај биле исклучени 18 нерегистрирани возила.

Затекнати биле 78 возила непрописно паркирани, а со помош на  специјалното возило „пајак”, отстранети биле 70 возила.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close