Во Скопје изречени 180 сообраќајни прекршоци, 105 за брзо возење

Сообраќаен прекршок / Фото: Министерство за внатрешни работи

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 180 сообраќајни прекршоци од кои 105 за брзо возење.

– Од вкупниот број сообраќајни прекршоци, за возење повеќе од дозволената брзина изречени се 105 санкции, 17 за возење без возачка дозвола, 25 за управување под дејство на алкохол, четири за користење мобилен телефон, една за минување на црвено светло, девет за нерегистрирани и технички неисправни возила и изречени се девет казни за непрописно паркирање, соопшти денеска МВР.

Од Министерството посочуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во текот на наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила со цел побезбеден сообраќај.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот