Во Шведска втор ден се намалува бројот на заразени и починати лица од Ковид-19

epa08343504 Pedestrians during the coronavirus pandemic in Stockholm, Sweden, 04 April 2020. Countries around the world are taking increased measures to stem the widespread of the SARS-CoV-2 coronavirus which causes the COVID-19 disease. EPA-EFE/HNERIK MONTGOMERY SWEDEN OUT

Во Шведска регистрирани се 10.151 инфицирани лица, од кои 887 починале.

Во Шведска во последните два дена регистриран е најмал број на смртни случаи како последица од новиот коронавирус.

Од последици од Ковид-19 во Шведска вчера починале 17 луѓе, додека денеска забележани се 12 смртни случаи. Тоа е голем пад на смртните случаи во споредба со другите денови, посебно во однос на 8 април кога починаа над сто луѓе. Од средата до петокот (од 8 до 10 април) во земјата умираа над 90 луѓе.

Во Шведска регистриран е и голем пад на новозаразени лица со Ковид-19, вчера имало 466 нови случаи, додека денеска се забележани 332 пациенти. Во спордба со изминатите денови, бројот на новозаразени е речиси двојно помалку. На 16 и 17 април биле регистрирани над 720 инфицирани лица со новиот коронавирус.

Во Шведска регистрирани се 10.151 инфицирани лица, од кои 887 починале.

Во земјата не е воведен карантин, не се затворени училиштата, кафулињата, рестораните и баровие. На граѓаните не им е забрането да излегуваат, но им е препорачано да се самоизолираат ако имаат симптоми на Ковид-19. Забранети се собири на повеќе од 50 луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот