Во Шуто Оризари отворена народна кујна за лица во социјален ризик

Зоран Заев

Во Шуто Оризари денсека е отворена народна кујна која ќе обезбедува храна и оброци за 320 до 380 граѓани во социјален ризик од Општината. Според премиерот Зоран Заев, ова треба да е инспиративен пример, за сите до донираат и помагаат на најсиромашните и најранливите.

Оброците за народната кујна ќе се подготвуваат во детската градинка „8 Април”, која е во втората фаза на целосната обнова.

Премиерот денеска ја посети оваа градинка, и ја истакна улогата на волонтерите во народната кујна, но и на готвачите и оние што ја разнесуваат приготвената храна на своите сограѓани кои не се во состојба да дојдат во народната кујна.

Тој им честита на сите општествено одговорни компании и фондации кои учествуваат со свои донации со цел народната кујна секојдневно да ја исполнува својата хумана мисија. Тие како што рече Зева, се инспиративен пример да се вклучат што поголем број на компании, бизнисмени, политичиари и општественици со свој придонес во вакви општествено одговорни проекти.

– Сакам да ја издвојам општинската народна кујна како иницијатива на Општина Шуто Оризари која постави една благородна цел, секојдневно да им помага со топол оброк на 320 до 380 сограѓани, лица во социјален ризик. Ја користам приликата да испратам апел до сите хумани луѓе кој колку може да донираат за да помагаме на најсиромашните, на најралнивите, рече премиерот.

Според Заев, општинската народна кујна е пример на кој може да се угледат и други општини каде што живее население во социјален ризик.

Тој исто така информира дека целосната обнова на градинката и на Центарот за деца од улици кои беа опожарени во 2017 година, е во втората фаза откако од првата фаза беше завршен еден дел од градинките кој веќе функционира со капацитет, а згрижи 150 дечиња.

Заедно со новиот дел кој е во изградба, Заев рече дека ќе бидат опфатени вкупно 306 деца во сите гурпи од предучилишното грижување.

– Министерството за труд и социјална политика учествува во опремување на градинката во вредност од 6,5 милиони денари додека градежните активности се реализираат со 1,5 милиони долар од Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград, преку УНДП. Децата од Шуто Оризари имаат можност да престојуваат во модерна и енергетски ефикасна градинка со обезбедени услови според највисоките стандарди за предучилишно образование, рече Заев.

Како што додаде тој, освен највисоките стандарди за енергетска ефикасност, градбата ги вклучува и стандардите за пристапност и инклузивна опрема за игралишта обезбедувајќи им на децата со попреченост да уживаат еднаков пристап со своите врсници.

Заев посочи дека за децата во градинката се грижат 17 вработени,е кои на децата од Шуто Оризари им обезбедуваат еднакви можности за високо квалитетно згрижување и воспитување во раното детство обезбедувајќи им соодветни простории за учење, рекреација, грижа и хигиена.

Премиерот информира дека во мај оваа година е планирано да биде завршена и изградбата на Центарот за деца од улица, кој ќе има капацитет да згрижува 100 деца од улица на возраст од 5 до 13 години, со целодневен престој под грижа на осум стручни работници.

– Сите овие активности ги потврдуваат нашите заложби постојано да ги подобруваме условите за живот на ромската заедница. Креираме можност за правичен пристап до сите социјални погодности, стекнување услови за подобар животен стандард и надминување на социјалното исклучување. Борбата за справување со социјалните ризици е заедничка и заедно ќе ја водиме се додека не обезбедиме заеднички живот за сите, изјави Заев.

Министерка за труд и социјална политика Јагода Шахпаска која го придружуваше премиерот Заев, истакна дека Министерството високо на својата агенда ја има грижата за најранливите категории на граѓани.

– Општина Шуто Оризари има отворено кујна која што обезбедува храна и оброци за оние граѓани од општината кои не можат тоа да си го дозволат. Ова е еден хуман и благороден гест кој што начи подигање на општата свест а да се грижиме за тие што се немоќни и за тие на кои им е потребна помош, рече министерката.

Таа информира дека Министерството во 50 општини има отворено 50 народни кујни, а храната се дели на 61 пункт.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот