Во септември една петтина од компаниите се пожалиле на недостиг од работници

Фото: илустрација / „Слободен печат“ - Драган Митрески

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во септември 2022, во однос на август 2022 година е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени, стои во објавата на Државниот завод за статистика за деловните тенденции во преработувачката индустрија за минатиот месец.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во септември 2022 година е поповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна во однос на септември 2021 година. Се очекува бројот на вработените да се намали. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во септември 2022 година изнесува 66,1 отсто од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 21,2 отсто, недоволната странска побарувачка со 16,8 отсто, неизвесното економско опкружување со 16,4 отсто и недоволната домашна побарувачка со 11,9 отсто , се наведува во објавата ДЗСРМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот