Во семејна куќа во Неготино татко си го пронашол мртов својот син

Во Полициска станица Неготино вчера околу 13.40 часот било пријавено дека З.Б. го пронашол починат неговиот син Ф.Б.(33), во семејната куќа на ул.„Радњанска” во Демир Капија, информира МВР.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Одделение за внатрешни работи Неготино и лекар од здравствена установа, каде првично бил пријавен случајот.

По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција на Институт за судска медицина Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот